Интернет
5. јуни 2017 - 17:54

Компјутерот бавно работи - направете го само ова и ќе биде двојно побрз

Сигурно многу пати сте се нашле во ситуација да едноставно не сте можеле да дочекате вашиот компјутер да се уклучи и да се подигне оперативниот систем. Веројатно сте помислиле дека компјутерот е бавен и дека треба нешто да инсталирате за да ги поправите неговите преформанси. Некој дури и се запрашал да не е во прашање некој вирус на хард дискот.

Отворете такс менаџер на еден од овие три начини. Првиот е преку пребарување да напишете „Task Manager”, вториот да притиснете „Ctrl + Alt + Delete” и да изберете Task Manager, а третиот е  со десен клик да изберете мени на таскбарот и потоа да изберете Task Manager.

Task Managerпотоа самиот ќе го поедностави процесот, а вие кликнете на „More Details“ за да го видите напредниот приказ. Кликнете на „Startup”  за да ги видите списокот на апликации и процеси, кои стартуваат кога ќе го вклучите компјутерот.

Потоа прнајдете ги апликациите кои не сакате да стартуваат со вклучувањето на компјутерот и со десен клик на нив одберете „Disable”. Кога ќе го сторите тоа, потребно е да го рестартирате компјутерот за да се почувствуаат промените.

Целата постапка видете ја на видеото: