Конгресмен поднесе резолуција за отповикување на Доналд Трамп
Конгресменот Ал Грин поднесе резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп, но ја повлече веднаш пред да почне каква било законадавна расправа.
Тој сепак најави дека повторно ќе поднесе таква резолуција и планира на крајот да издејствува гласање за неа.
Грин, демократ од Тексас, ја поднесе резолуцијата од 15 страници во Претставничкиот дом при американскиот Конгрес, во која Трамп не се обвинува за злосторства, бидејќи според него тоа не е потребно за разрешување.
Наместо тоа, тој како причина за смена од функцијата ги наведува изјавите и акциите на Трамп за муслиманите, жртвите од ураганот во Порторико, трансродовите лица, спортистите...
Конгресменот тврди дека Трамп, меѓу другото, поттикнува расизам, сексизам, омраза, ксенофобија...
Со помош на посебна процедура, Грин би можел да издејствува гласање на резолуција за отповикување на претседателот Трамп.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари