Конгресниот комитет заклучи дека Трамп не соработувал со Русите

Разузнавачкиот комитет во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, каде мнозинство се републиканците, соопшти дека не пронашол некаков доказ за соработка меѓу луѓето од претседателската кампања на Доналд Трамп и Русија за време на кампањата за изборите во 2016 година.
Републиканските членови на Комитетот наведоа дека ја завршиле истрагата за руското мешање и на една страница ги објавија своите заклучци. Демократите ги оспорија заклучоците и го повторија мислењето дека истрагата се водела на тој начин што се штител претседателот на САД.
Во заклучоците се наведува дека конгресмените ги отфрлиле наводите на американските разузнавачки служби, објавени во 2017 година, дека рускиот претседател Владимир Путин му помогнал на Трамп во изборната трка против демократскиот кандидат Хилари Клинтон.
Во извештајот се нотирани повеќе руски хакерски напади на американски политички институции во 2015 и во 2016 година, пред се по пат на социјалните мрежи, но Комитетот, со мнозинство републиканци, посочи на незадоволителен одговор од страна на тогаш владејачката администрација на демократите.
Во извештајот се наведени и „проблематични контакти на високи функционери од разузнавачката заедница (од времето на Барак Обама) и медиумите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
