-->
-->
Костовски: Арсовска има личен интерес во изградбата на овој булевар
-->
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ и обвинува дека таа, а не тој, прави политиканство.
-За помалку од две години, Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот во Водовод, со синдикатот на ЈСП, со директорите на сите претпријатија за кои велеше дека се најдобри за модерно Скопје. Се скара и со МКЦ и вработените, со приватните превозници, со градоначалниците од ЗЕЛС, а деновиве започна да се кара и со народот од општина Бутел, пишува Костовски во објава на Фејсбук.
Тој вели дека на Арсовска, ниту еднаш не и посочил дека најголем проблем во неговата општина е таа улица која за неа е приоритет, поради, како што вели, лични причини.
-Многу симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата, а приватната фирма да ја изгради трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите, пишува Костовски и најавува дека повеќе детали ќе изнесе на прес - конференција во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски