Ковачевски положи цвеќе пред Споменикот на слободата на Кале
По повод големиот државен празник 2ри Август, Денот на Републиката - Илинден претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Скопје положи свежо цвеќе пред Споменикот на Слободата - „Сила, слава и победа" на Тврдината Кале.
Премиерот Ковачевски, ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Во рамки на свеченото одбележување во Скопје, премиерот Ковачевски ќе има свое обраќање пред присутните претставници на Владата, институции, дипломатскиот кор, медиумите, по што предвидена е празнична културно-уметничка програма.
Граѓаните на Република Северна Македонија под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“ го празнуваат големиот национален празник 2ри Август - Илинден.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила