Ковачки: Народот му даде црвен картон на Заев кој ќе се потврди и на 31 октомври
„Новата политичка реалност граѓаните ја кажаа на 17-ти октомври и истата ќе ја потврдат на 31 октомври. Практично власта на Заев и на таа екипа околу него е тотално делeгитимирана, изгубија во сите големи општини. Изгубија 5:0 во Скопје, ќе го изгубат и градот Скопје. Така да сето тоа покажува дека сите досегашни политики односно дневни политиканства кои што ги практикуваше на дневна основа за замајување на јавноста не му носат профит, политички бенефит“, нагласи Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија.
Ковачки додаде дека од друга страна се покажа дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ и концепцијата „Македонија за сите луѓе“ е прифатлива, разберена од граѓаните и токму затоа истите тие граѓани ја дадоа поддршката на изборите.
„Факт е дека ние освоивме апсолутна победа во првиот круг. А, истото ќе се случи и во вториот круг. Значи 22 општини, најголемите општини практично ги освои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“. Очекувам во вториот круг исто така да добиеме градоначалници и во Битола таму да си победи господинот Тони Коњановски, во Охрид Кирил Пецаков, значи неспорни се тие победи, и на тие победи ние сметаме. Сметаме и на помалите места, исто така тука е Пробиштип, Пехчево, Каменица, тие да се добијат и така да практично секаде очекуваме победа во вториот круг и поддршка од граѓаните“, смета Ковачки.
Ковачки посочи дека власта не може да се помири од резултатите од првиот круг на локални избори.
„Од власта нема да ги прифатат овие бројки, резултати, бараат начини да ги релативизираат меѓутоа не можеш да релативизираш нешто што е мерливо. Значи бројките се показател и вие не можете да ги релативизирате тие работи. Власта не ги прифаќа тие резултати и објаснува дека еве колку пати кажува господинот Заев дека народот му дал жолт картон. Веќе трети - четврти пат народот му дава жолт картон, видете во еден натпревар се даваат два жолти картони. Еве да збориме со друг речник. Така да колку пати очекува тој да добие жолт картон“, запраша Ковачки.
Ковачки рече дека народот му даде црвен картон на Заев и тој црвен картон ќе го потврди на 31 октомври. Тоа што следува после вториот круг на избори, власта е веќе свесна што ја чека, а ја чека пад од централната власт и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт со што следуваат длабоките промени кои што народот ги чека и ги бара. Исто така по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт следува одговорност, сите криминалци од СДСМ има да одговараат пред Законот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието