Македонија
16. October 2024 - 13:32

Кражба во викендица во Маврово - приведен 54-годишник од Гостивар

На 15.10.2024 во 11.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Р.Ѓ.(54) од Гостивар поради основано сомнение дека во периодот од 11.10. до 15.10.2024 извршил кражба од викенд куќа, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок - Соопшти МВР.