Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“

Русија позитивно го оценува изразеното расположение на украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори околу војната, но сè уште не е јасно со кого Русија би можела да разговара, соопшти Кремљ.
Зеленски го изрази својот став во писмо, кое вчера јавно го обелодени претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро, со цел постигнување траен мир.
Никој не го посакува тоа повеќе од Украинците“, изјави Трамп, цитирајќи го писмото на Зеленски за време на обраќањето во Конгресот на САД.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека оваа најава е „позитивен сигнал“, но нагласи дека сè уште има правни и политички пречки. – Прашањето е со кого би седнале на преговарачка маса.
Според украинскиот закон, претседателот Зеленски сè уште нема овластување за директни разговори со Русија, додаде Песков, алудирајќи на декретот од 2022 година со кој Киев забрани можност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Песков, исто така, изјави дека идните разговори меѓу Москва и Вашингтон ќе вклучуваат и дискусии за иранската нуклеарна програма.
– Оваа тема беше спомената за време на минатомесечните контакти со САД, изјави портпаролот на Кремљ.
„Блумберг“ вчера објави дека Русија се согласила да посредува во комуникацијата меѓу администрацијата на Трамп и Иран, особено во однос на нуклеарната програма на Техеран и неговата поддршка за антирежимски групи во регионот.
Кремљ не ја потврди оваа информација, но укажа дека Иран е важна тема во руско-американските односи.
Нашиот став е дека иранското нуклеарно прашање мора да се реши исклучиво со мирни, дипломатски средства.
Иран е наш партнер и сојузник, и Русија е подготвена да даде свој придонес за решение на ова прашање, изјави Песков.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
