-->
-->
Кривична пријава за лицето кое преку Фејсбук му се закани на премиерот
-->
Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.
Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на РС Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено.
За случајот е известен дежурен јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?