Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.А.(26), Ш.А.(30), Е.А.(23), М.А.(22), Р.А.(18) и Г.А.(21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 и против С.В.(37) со привремен престој во Струмица и А.Ш.(43) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.
На 22.11.2024 и 23.11.2024, првите шест пријавени со употреба на подесен алат од парцела кај место викано Маренски рид, во близина на село Марена, одзеле електричен кабел наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја. Додека, пак, останатите две лица го откупиле бакарот и каблите. Со ваквото дејствие пријавените предизвикале материјална штета на правно лице од Скопје од околу 915.000 денари.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
