Крвав инцидент во скопско Драчево - едно лице повредено
Крвав инцидент во скопската населба Драчево. Според инфорамциите на полицијата, вчера во 13,00 часот во Полициската станица Драчево, У.И. (54) пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот додека го паркирал неговото товарно моторно возило на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј. излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите. У.И., според пријавата, се упатил во неговиот двор, а по кратко време З.Ј. излегол од домот и се упатил кон товарното моторно возило, при што У.И. го видел и сакал да го спречи, а по него тргнал и неговиот син А.И. Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
