КРВАВ НАПАД ВРЗ ТУРИСТИ: 17 мртви, бројот на загинати расте!
Најмалку 17 луѓе, вклучувајќи 11 странски туристи, се мртви откако конвој со возила е нападнат во Авганистан од страна на талибанци.
Пет туристи се повредени откако конвојот се наошол на мета на нападот во западен Авганистан.
Националноста на странските туристи сеуште не е позната.
Се стравува дека бројот на загинати може да расте.
Нападот се случил во провинцијата Херат на западот од Авганистан, соопштија официјалните лица, а туристите ги прател авганистански воен конвој.
Агенцијата АФП напоменува дека талибанците не ја преземале официјално одговорноста за нападот, како и дека не е познато од која држава се туристите.
- Талибанци нападнаа конвој во заседа, изјави представник на локалната власт во Херат.
Нападот е направен во време кога талибанците ја засилија „летната офанзива“ по краткото затишје во текот на Рамазан, кој заврши на почетокотт на јули.
Ново на Сител
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија