Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава.
Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“.
Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.
Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно