Курц доаѓа во Македонија пред референдумот
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција.
Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.
- Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.
Според него, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со ЕУ.
-ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан, подвлече Курц.
Тој за австриските медиуми најави дека со премиерот Заев сака да разговара за напредокот во скрининг процесот.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб