Кошарка
29. November 2021 - 19:58

Квалификации за СП: Подмладената Македонија немоќна против искусната Украина

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и вториот квалификациски дуел за СП и тоа во Киев од домашната Украина со 78-61 со што ги намали шансите по подолга пауза да заигра на големо натпреварување. 

Иако добро го одигравме првото полувреме кое заврши со водство на Македонија од 34-30 сепак во вториот дел  поголемото искуство на противникот  го реши мечот и избраниците на селекторот Бајиќ за само 5 минути дозволија противникот да направи серија од 15-5 и да се одлепи на недостижни 12 поени кои на крајот и обезбедија убедлива победа на Украина од 78-61. 
Ова е втор пораз на Македонија по поразот од Шпанија пред неколку дена. 
Најефикасен кај Македонија беше Бојан Крстевски со 14 поени, пред Џејкоб Вајли со 12 поени и девет скока,. Кај Украина, Артем Пустовји реализира 18 поени, а Лукашов и Сидоров постигнаа по 13 поени. Квалификациите за Македонија продолжуваат во февруари, кога се гостува кај Грузија.