Лавров: Експанзијата на ИД е закана без преседан за меѓународната стабилност

Терористичката група Исламска држава претставува закана без преседан, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата во Пекинг со колегите од Конфедерацијата за заедничко дејствување и изградба на доверба во Азија, јави ТАСС.
- Ситуацијата на Блискиот Исток се доближи до точка од каде почнува уривање на политичката карта на регионот. Тоа е уште едно убаво кажано сведоштво колку е погубен извозот на демократија и насилствата предизвикани од надвор за смена на неподобните режими, вклучително и спекулациите со религиозниот фактор при што се предизвикува раскол во муслиманскиот свет, наведе Лавров.
Тој посочи дека поради терористичката закана од ИД хаосот ги зафатил Ирак, Либија, Сирија и Јемен и оти ако таа закана не биде неутрализирана никој во светот нема да се чувствува безбедно.
- Русија е крајно вознемирена од растечкото влијание на ИД во Авганистан. Посебно алармира порастот на влијание и бројот на приврзаници на ИД во земјата, што уште повеќе ја усложнува безбедноста, посочи Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи наведе дека нема ефикасна борба со терористите, ако истите се делат на умерени и радикални.
- Обидите за поставување на ултиматум на меѓусириските преговори се недозволиви и треба да престанат, потенцира Лавров, кој е во дводневна посета на Кина.
Тој кризата во Украина ја оценни како „трагичен пример за непромислена и крајно опасна политика на приврзаниците на геополитичкото инжинерство“. Лавров додаде дека разрешувањето на кризата во Украина единствено е можна со исполнување на мерките од Договорот во Минск.
Лавров повика и на враќање на шестстраните преговори за нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
