Левица: Пензионерите со најмали пензии треба да добијат најголемо зголемување на пензиите
Согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември, а зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите. Односно, сите пензионери ќе добијат зголемување од 6,8%, со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија.
Односно, оние пензионери кои имаат најголеми пензии ќе добијат најголемо покачување од околу 3.500 денари, додека пензионерите со најмали пензии ќе добијат најмало зголемување на пензиите (од околу 850 денари).
Токму ова најмногу ги разлути пензионерите кои го чекаа ова зголемување со години, но наместо задоволство, добија разочарување и револт. Во услови на економска криза, со огромна стапка на инфлација и енормно зголемување на цените на основните прехрамбени продукти (некои дури и за 100%) недозволиво е процентуално зголемување на пензиите.
Методологијата за усогласување на пензиите има за цел токму да ги амортизира проблемите кои настапуваат од зголемувањето на цените и трошоците за живот, а во насока на подобрување на квалитетот на животот на пензионерите. Зголемувањето на пензиите согласно оваа Методологија не само што не и' служи на целта за која што е донесена, туку го зголемува финансискиот јаз помеѓу пензионерите.
Во услови на континуиран раст на цените на продуктите кои важат подеднакво за сите, зголемувањето на пензиите треба да биде во насока на зајакнување на куповната моќ на најсиромашните, а не обратно. Затоа апелираме Владата на СДСМ и ДУИ наместо популистички решенија, да донесе решенија кои ќе донесат резултати и бенефит за пензионерите, а не разочарување и револт.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години