Левица поднесе Предлог-резолуција до Собранието за правните и моралните аспекти на ковид-вакцинацијата
Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на парламентот, поднесоа Предлог-резолуција за правните и моралните аспекти на Ковид-вакцинацијата, заснована на неколку правни акти донесени во Советот на Европа. Резолуцијата, која е поделена на вкупно шест точки, констатира дека постојат низа проблеми на терен во врска со вакциналната имунизација на населението, предизвикана од несоодветната стратегија за комуникација со јавноста на надлежното Министерство за здравство, како и од противречните и контрапродуктивни мерки кои, од ден на ден, стануваат сè порестриктивни, порепресивни, непропорционални и дискриминирачки за македонските граѓани.
Во Резолуцијата, меѓудругото, се укажува дека:
– вакцинацијата против новиот коронавирус SARS-CoV-2 не е и не смее да биде задолжителна за било кој сегмент од населението;
– граѓаните мора да бидат информирани дека никој не смее да им врши политички, правен, социјален, економски или друг вид притисок да се вакцинираат, доколку некој не сака да го стори тоа на доброволна основа и по слободна волја;
– користењето т.н. зелени (ковид) пасоши, односно „сертификати за вакцинација“ ќе се користат само за нивната првично назначена цел од страна на Светската здравствена оргнизација, т.е. за обезбедување надзор над долгорочните ефекти на вакцините и нивната безбедност по здравјето на луѓето, за следење на ефикасноста на вакцината врз имунолошкиот систем на пациентите, како и за мониторирање на потенцијалните нус-појави и несакани ефекти од вакцината.
Очекуваме законодавниот дом да ја донесе оваа Резолуција упатена до извршната власт пред почетокот на изборната кампања за претстојните Локални избори, а интегралниот текст можете да го прочитате на следниов линк.
Прес-центар на Левица
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
