-->
-->
ЛШ: Монпеље повторно подобар од Металург
-->

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург загубија во натпреварот од 1.коло од Д групата од Лигата на шампионите од Монпеље со 32:22 (19:11).
Македонскиот тим равноправен беше до средината на првиот дел кога резултатот беше 7:6 за домашниот тим. Но, во следните пет минути Монпеље направи серија од 6-1 за водство од 13:7 и на полувреме беше 19:11.
Во 41.минута Монпеље повде и со 10 голови разлика (24:14). Водство кое францускиот тим го имаше и на крајот на натпреварот - 32:22.
Најефикасен кај Монпеље беше Мишел Гигу со шест голови, додека во редовите на Металург најпрецизни беа Халил Јагањац со 6 и Филип Кузмановски со 5.
На другите дуели од оваа група: Мотор - Чеховски Медведи 36:23, додека утре се игра дуелот Бешикташ - Спортинг.
Македонскиот и европски шампион Вардар својот натпревар од 1.коло го игра утре на гости против Висла во Плоцк со почеток во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
-

Македонскиот документарен филм ,,Приказната за Силјан‘‘ освои награда за најдобар филм и најдобра камера
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
