-->
-->
ЛШ: Победи за Вардар, Висла и Динамо Букурешт
-->

Во ракометната Лига на шампионите досега се одиграни четири натпревари од 7.коло. Една од најважните победи синоќа ја постигна македонскиот првак Вардар кој на гостувањето кај Рајн Некар Ловен го победи германскиот шампион со 33:27. Полската екипа Висла на домашен терен го совлада Кадетен Шафхаузен, а швајцарската екипа остана без освоен бод и по оваа рунда.
Динамо Букурешт синоќа го совлада Холстебро, а во средата европскиот првак Киелце славеше како гостин против ППД Загреб.
Резултати од 7.коло:
А група: Висла – Кадетен Шафхаузен 33:26, Силкеборг – Барселона, Веспрем – ПСЖ и Кил – Флензбург (играат во недела).
Табела: ПСЖ 10 бодови, Барселона 10, Веспрем 8, Флензбург 7, Кил 6, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Рајн Некар Ловен – Вардар 27:33, ППД Загреб – Киелце 23:26, Кристијанштад – ПИК Сегед и Мешков Брест – Цеље (играат во сабота).
Табела: Вардар 12, Киелце 10, Рајн Некар Ловен 9, ПИК Сегед 7, Мешков Брест 6, Цеље 3, Кристијанштад 3, ППД Загреб 2.
Ц група: Татран Прешов – Монпеље, Ла Риоха – Чеховски Медведи (играат во сабота) и Елверум – Металург (играат во недела).
Табела: Ла Риоха 9, Монпеље 8, Татран Прешов 6, Елверум 5, Чеховски медведи 4, Металург 4.
Д група: Динамо Букурешт 30:25, Брага – Бешикташ и Нант – Мотор играат во сабота.
Табела: Нант 11, Мотор 7, Бешикташ 7, Динамо 6, Брага 4, Холстебро 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
