Ракомет
24. April 2016 - 9:20

ЛШ: ПСЖ пресилен за Загреб

 

Ракометарите на францускиот првак ПСЖ остварија убедлива победа на гостувањето кај Загреб во рамките на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. ПСЖ победи со 28:20, а Хансен со 9 голови беше најефикасен, додека Омејер во вистински моменти бележеше одбрани.

На другите два дуела одиграни вчера: Вардар - Веспрем 26:29 и Флензбург - Киелце 28:28.
Вечерва се игра натпреварот Кил - Барселона (почеток 19:30 часот).