Ракомет
5. November 2016 - 19:42

ЛШ: Вардар со Камара ја прегази Астраханочка

Ракометарките на Вардар однесоа убедлива победа до 39-25 во мечот од лигата на шампионките против руската Астраханочка. 
 
Победата на мечот во ниту еден момент не доаѓаше во прашање бидејќи Вардарки предводени од новиот стратег Камара доминираа од самиот почеток а на пауза заминаа со 5 голови предност. Во вториот дел разликата во класа дојде до израз и победата беше поубедлива. Покрај добрите одбрани на голманите добра игра прикажа Јованка Радичевиќ со 9 погодоци. Добро е за Вардар што првите минути оваа сезона ги одиграа Лекиќ и Кликовац.