Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба
Шпанската влада синоќа соопшти дека ќе побара од Европскиот парламент да ја разгледа можноста за употреба на каталонскиот, кој, доколку предлогот помине, ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција.
Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно на предложената промена.
Централните шпански власти и регионалната влада во Каталонија се надеваат дека предлогот ќе биде усвоен до крајот на годинава.
Шпанија е подготвена, доколку тоа го сакаат другите две регионални влади во Баскија и Галиција, да побара од ЕП да ги вклучи на листата на официјални јазици – баскискиот и галицискиот јазик, сроден на португалскиот.
За еден јазик да стане официјален потребно е тоа исклучиво да го побара една земја членка на ЕУ и да добие зелено светло од Советот на ЕУ, објасни портпаролот на Европскиот парламент.
Каталонскиот, заедно со шпанскиот, е широко користен во Каталонија и во два други соседни региона. Каталонскиот јазик беше потиснат од употреба за време на диктатурата на генералот Франциско Франко од 1939 до 1975 година.
На листата на официјални јазици во ЕП во моментов има 24 јазици.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена