Мајка и ќерка се степале пред угостителски објект во Кавадарци

Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци, таа и нејзината 65-годишна мајка О.А., го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР - Велес.
Исто така, како што истакнаа од СВР - Велес, Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници, кои вршеле службени дејствија, односно постапувале по пријавата.
-Ј.Ч. е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласија од СВР - Велес.
Ново на Сител
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
