-->
-->
Мајка од Скопје претепана од нејзиниот малолетен син - полицијата го приведе
-->
Мајка од Скопје била нападната од својот 17 годишен син. Како што информираат од полицијата вчера во 15:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Љ.К. (47) пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица „Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17-годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот.
Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг