Македонците во Албанија го прославија Водици

Православниот празник Богојавление-Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци - Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.
Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското Езеро. Ниту студеното време ниту, пак, постудената вода не ги спречи повеќето верници да скокнат во водите на Преспанското Езеро.
На церемонијата на фрлањето на крстот во Пустец присуствуваше и градоначалникот Едмонд Темелко.
- Од утро, Македонците традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон реките во Голо Брдо или во Преспанското Езеро во Мала Преспа каде се фрла крстот. Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, ги посетува домаќинствата во населеното место каде се даруваат со пари, изјави Васил Стерјовски од Македонската алијанса за европска интеграција.
Откако ќе ги обиколи сите куќи во секое македонско село, додава тој, крстот се враќа во селската црквата каде што останува до следната година.
- Водици во Мала Преспа се празнува два дена. Првиот ден, 19 јануари, се фрла крстот, а вториот ден 20 јануари, се оди на Рефене. Поголема група составена од повеќе семејства го сочинуваат Рефенето, односно кај кој е крстот - кај него се оди на прослава, односно Рефене. Во Македонија оваа традиција е позаната како кумство. Во Мала Преспа секоја група има свој крст. Тој што го има крстот, кај него се оди фамилјарно на прослава или Рефене. Тој го чува крстот една година, од едни до други Водици, што значи за тоа време го има кумството, објаснува Стерјовски.
Потоа крстот го презема друга фамилија кај која се оди следната година на прослава. - Така крстот кружи и од големината на групата може за неколку години крстот да се врати во една куќа, додава Стерјовски.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
