Македонија дел од глобалниот хакатон натревар на НАСА
Сто и дваесет студенти од Македонија од денеска се вклучија во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge„.
Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика, географија, .... во наредните 48 часа ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија.
- Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален, а младите од Македонија имаат можност да учествуваат во конкурентна средина со млади информатичари и студенти од технички науки од целиот свет, изјави Иван Џорбев, декан на ФИНКИ.
Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти.
Натпреварот во Македонија го организира македонско-американската компанија „Њу менс бизнис акцелератор“ , организатор на натпреварот и во Силиконската долина и коорганизатор на ваквите настани во Сан Франциско и Лос Анџелес.
Според министерската за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, учеството на македонскиот тим во организацијата на овие натпревари зборува за капацитетот на младите во Македонија.
- Тоа е доказ за нивниот талент кој не познава граници, за одличната подлога која ја направивме како држава за младите луѓе кои се подготвени да создаваат иновативни решенија во техничките науки и дека светот го препознава нашиот талент. Со тоа Македонија е признаена дестинација во однос на потенцијалот за програмирањето, информатиката, новите технологии, изјави министерката Арсовска Томовска на отворањето на натпреварот.
На претходните изданија на NASA Space Apps Challenge македонски тим на DECAone беше меѓу глобалните финалисти во 2014-та година со проект за управување на роверите на NASA. Ланските тројца локални победници понудија решенија за 3Д принтер на храна во Вселената кој принта пакети со храна која ќе ги има сите витамини и 2.600-те дневни калории што се потребни, Foodmatch со кој се споредува дистрибуцијата на храна во две земји, што ќе помогне да се намали гладот и недостатокот на храна и float-away кој ќе ги ослободи астронаутите од јажињата со електромагнетни полиња што ќе бидат поврзани со алатките на астронаутот, што би лебделе околу него.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија