Македонија и Катар ќе соработуваат во областа на внатрешната безбедност
Mинистeрот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи, одржа работна средба со амбасадорот на Државата Катар во Република Македонија Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд.
Како што соопшти МВР, на средбата Спасовски ја посочи важноста во наредниот период посебно внимание да се посвети на правната основа за соработка во областа на внатрешната безбедност помеѓу двете земји.
- На тој начин би постоела правна рамка со која би биле уредени заедничката борба против организираниот криминал, борбата против тероризмот, недозволената трговија со оружје и други области кои ја засегаат безбедноста на двете земји. Исто така на средбата стана збор и за одличните пријателски односи помеѓу двете земји кои во иднина би требало дополнително да се развиваат во сите сфери на општественото живеење, наведуваат од МВР.
Министерот Спасовски, се додава, на крајот од средбата добил и покана за официјална посета на Државата Катар, при која би се оствариле средби со неговиот катарски колега и со премиерот на Државата Катар.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
-
Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода
-
Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути
-
Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“
-
Официјални лица по грешка испратија предупредување за евакуација на поширокиот округ на Лос Анџелес
-
Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари