-->
-->
Македонија на мегдан со Италија, Германија и Англија
-->
Македонската аматерска репрезеснтација на Македонија ја очекува голем предизвик на „Регионс Купот“ во Рим (Италија). Селекцијата ја предводи Жанко Савов, поранешниот фудбалер на Вардар од првата генерација на црвено-црните по независноста.
Македонските аматери ги чекаат натпревари со Баварија (Германија), Лацио (Италија) и Џерси (Англија). Првиот меч против Баварците е на 29 септември од 15 часот, следниот со „лацијалите“ е на 2 октомври од 15 часот, а последниот на 5 октомври од 15 часот.
Аматерската репрезентација е составена од второлигашки фудбалери, а Савов избра 18 играчи за овој „Регионс Куп“.
Голмани: Антонио Столевски (Караорман), Борче Картов (Кожув);
Одбрана: Мухарем Мислими (Беса 1976), Христијан Бејков (Кожув), Мартин Димоски (Детонит Плачковица), Нинослав Здравкоски (Аресими 1976), Давид Бошески (Академија Пандев), Оливер Христов (Детонит Плачковица), Богдан Велиновски (Слога 1934), Христијан Митревски (Охрид Лихнидос);
Среден ред: Давид Ристовски (Кожув), Влатко Стојановски (Борец 1919), Стојче Стојов (Каменица Саса), Ники Зумровски (Кожув), Емил Скоко (Пехчево), Зоран Андонов (Детонит Плачковица);
Напад: Филип Димоски (Детонит Плачковица), Ангел Кочев (Кожув)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист