Македонски автори на Салонот на стрип во Белград

Македонски автори традиционално и годинава учествуваат на 16. фестивал Салон на стрип Белград, кој од 27 до 30 септември, се одржува во главниот град на Србија.
На меѓународниот натпревар, во рамки на манифестацијата, меѓу 377 учесници од целиот свет кои конкурирале со вкупно 334 стрипа, застапени се и 21 автор од Македонија. Со тоа, веќе втора година по ред, Македонија е втора земја по бројот на учесници, веднаш зад домаќинот Србија.
Меѓу најдобрите сто стрипа кои во „Среќна галерија“ во склоп на Студентскиот културен центар во Белград ќе бидат изложени до 12 октомври, а се во потесниот избор за награда, дел се на автори од Македонија. Станува збор за стрипот „Девојче на Месечината“ на Александар Стеванов од Штип и „Човек за сите времиња“, стрип кој по текст на српскиот сценарист Марко Стојановиќ го илустрира Михајло Димитриевски (Тхе Мичо) од Битола.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
