Македонски готови производи со суровина од ЕУ ќе се увезуваат и извезуваат од Косово без царина
Македонските компании со Проширувањето на дијагоналната кумулација во паневромедитеранската кумулативна зона и вклучувањето на Косово во неа, имаат поголема можност за увоз на репроматеријали од поширок пазар, конкурентно производство во регионот, како и проширување на можностите за извоз на готови производи кои ќе подлежат на примена на повластени услови при увозот во земјите кои се вклучени во оваа паневромедитеранска кумулативна зона.
Како што информираат од Царинската управа македонските компании, покрај другото, ќе може да користат репроматеријали од Европска унија за производство на готови производи кои ќе се извезуваат во Косово без плаќање царински давачки и обратно, во Република Македонија ќе се овозможи бесцарински увоз на готови производи од Косово кои се произведени користејќи репроматеријали од Европска унија.
Како што наведуваат со ова дополнително се унапредува конкурентската способност на македонските производи во Европската унија и особено во Косово.
Примената на дијагоналната кумулација меѓу ЕУ, Косово и Република Македонија е од 1 април 2016 година откако започна примената на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во чии рамки се применува и Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло.
Во соопштението од Царинската управа се наведува дека во Службен весник на Европска унија, серија Ц број 244 од 5 јули 2016 година е објавено ново Известување за датумот на примена на Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло или на Протоколите за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу договорните страни на Конвенцијата. Со ова известување се вршат одредени промени во поглед на примената на правилата за преференцијалното потекло во трговијата со земјите членки на Европска унија и земјите членки на ЦЕФТА договорот.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци