Македонските стартап компании ќе се претстават пред германската индустрија
Македонски стартап компании ќе може да ги претстават своите идеи пред германсаката индустрија. Своите идеи во Скопје ќе ги презентираат пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“, а менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја ќе им овозможи Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, преку програмата „BETAPITCH“
Избраните 10 до 12 старт-ап компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, што ќе се одржи на 6 и 7 октомври, во просториите на ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на BETAPITCH Global & Investors Day на 15-ти ноември 2018 година во Берлин, Германија, каде ќе може да ја презентираат својата идеја – продукт пред германската индустрија и да изградат деловни односи со стартап скаути од сите поголеми германски мултинационални компании.
Стартап компаниите, со свои идеи, може да аплицираат на https://www.betapitch.net/
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови