Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го осуди денешниот израелски напад врз Бејрут и го повика Израел да се повлече од петте позиции во Либан.
– Денешните напади и непочитување на примирјето се еднострани акции со кои не се исполнува даденото ветување и се во корист на Хезболах, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со либанскиот претседател Џозеф Аун.
Тој најави дека во текот на денот ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Либан.
Макрон потенцира дека Франција и понатаму ќе биде на страната на Либан, за да му помогне да го зачува својот суверенитет и да му гарантира безбедност.
– Тоа сакаме да работиме со вас на југот. Тоа сакаме и да го работиме и на границата со Сирија, каде ситуацијата, исто тѕака е крајно деликатна, наведе Макрон.
И Аун го осуди денешниот воздушен напад врз едно јужно предградие на Бејрут, како и секој обид Либан „да се врати во кругот на насилство“. Според него, Израел со нападот го крши договорот за примирје.
– Ги повикувам пријателите на Либан брзо да дејствуваат за да се спречи влошување на ситуацијата и да помогнат во примена на меѓународните резолуции, посочи Аун.
Израел утрово го изврши првиот напад врз Бејрут од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 27 ноември 2024 година, во последната војна помеѓу Израел и либанското движење Хезболах. Оттогаш, и покрај примирјето, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз јужен Либан.
Ново на Сител
-

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за финансискиот пакет од 90 милијарди евра
-

Алармантно загадување: Активирани мерки поради високи концентрации на PM10 во Скопје
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
