Родителите на Карина биле многу загрижени кога дознале дека девојчето исчезнало. Температурите ноќе паѓаат под нулата и многу луѓе тргнале во потрага по детето, но не го нашле.
После 11 дена, нејзиното куче се вратило во селото. Жителите го очекувале најлоштото. Мислеле дека девојчето умрело во шумата. Но кучето повторно тргнало назад и мештаните го следеле. Кога стигнале таму, не можеле да им веруваат на своите очи.
Малото девојче било дехидрирано и гладно, но сепак живо. Се спасило така што 11 дена се хранело со шумски плодови и пиело вода од потокот.
Нејзиното куче ноќе ја греело со своето крзно и ја бранело од волци и мечки кои тука поминувале.
Во нивна чест, жителите одлучија да направат статуа во родното село на малечкото девојче.