Македонија
25. October 2020 - 11:16

Малолетен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил

Вчера во 16,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.