Македонија
10. October 2024 - 17:22

Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож

Вчера во 21.50 и во 22.50 часот во Полициската станица Центар, И.И.(46) и Ј.Т,Ј.(61), двете од Скопје, пријавиле дека околу 20. 00 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, двајца малолетници со закана со остар предмет од нивните малолетни синови одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.