Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
Здружението „Анимал Лаверс“ - Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано со огнено оружје во селото Муртино, струмичко, на 27 минатиот месец. Полицијата потврдила дека сторител на овој грозоморен чин е малолетно лице, а случајот веќе е предаден на Јавното обвинителство.
За Здружението овој настан отворил сериозни прашања за безбедноста во општеството.
-Како е возможно малолетник да поседува и да ракува со огнено оружје? Дали во семејството на сторителот децата се учат да користат оружје? Дали надлежните институции ќе дозволат ова злосторство да помине неказнето? Каква порака се испраќа до идните генерации доколку ваквите случаи останат без соодветна правна разрешница?, прашуваат од Здружението.
Од „Анимал Лаверс“ очекуваат од надлежните органи итно да одговорат дали некој од семејството на малолетникот поседува дозвола за оружје, кој вид на оружје е користен во овој случај, дали оружјето е одземено и дали ќе следуваат санкции за неговото незаконско поседување.
Како граѓанска организација, бараат најстрога примена на законите за заштита на животните, одговорност за малолетникот и неговите родители и итна контрола и санкции за незаконско поседување оружје.
-Научните истражувања покажуваат дека насилството врз животни често претставува индикатор за идно насилничко однесување, вклучително и криминални дејствија кон луѓето. Не смееме да дозволиме вакви инциденти да останат без последици, се наведува во соопштението од „Анимал Лаверс“.
Ги повикуваат сите граѓани да ја подигнат свеста и да бараат правда за Рекс, бидејќи ова не било само прашање на заштита на животните, туку и на безбедноста на целото општество.
Инаку, како што веќе беше порано објавено од полицијата во кучето било пукано со воздушна пушка.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана