-->
-->
Манчестер јунајтед се откажува од идејата за враќање на Роналдо
-->
Манчестер јунајтед го одби можниот трансфер на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Раководството на англискиот клуб сметало дека е несоодветно да се потроши голема сума на 36-годишниот Португалец, објави „Sky Sports“.
Роналдо играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година. Португалецот има постигнато 118 голови и 69 асистенции на 292 натпревари за тимот.
Како дел од Јунајтед, Роналдо ја освои Лигата на шампионите и стана шампион на Англија три пати.
Договорот на играчот со Јувентус важи до летото 2022 година. Напаѓачот е во клубот од Торино од 2018 година, откако си замина од Реал Мадрид за 117 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
