Ману Чао Ла Вентура за совршен крај на Д Фестивал
Вкупно 13.000 посетители, преку 1.000 шатори во фестивалскиот камп и три дена интензивна забава го одбележаа петтото јубилејно издание на Д Фестивал што се одржа во Дојран од 17-ти до 19-ти јули.
- Имавме сензационален старт на Д Фестивал во петокот, уште поуспешна сабота и очекувано, најатрактивната последна ноќ. Совршениот крај беше одбележан со настапот на Ману Чао Ла Вентура. Ману, Гамбит, Маџид, Филипе, Џанлука и Габриел, брилирираа со шармот, талентот, неприкосновената борбеност и страст, во амбиент кој нема наскоро да биде надминат ниту пак ќе се заборави. Ману Чао Ла Вентура покажаа и докажаа зошто ги предводат најголемите фестивали и одржаа показна вежба како еден бенд треба да функционира, велат организаторите.
На главната сцена вчера се претставија и Бла Бла Бла... Баилдса и Драм енд Брас трио, а шоуто на Ману траеше преку два часа и соодветно, велат, беше најавено со огномет над Дојранското Езеро.
Во еден момент, на покана на Ману Чао, на концертот се појавија и тројца претставници на Студентскиот пленум, движење кое Ману Чао го поддржа уште во февруари.
Организаторите најавуваат дека ќе работат на тоа Дојран и Македонија да бидат важна точка на европската фестивалска мапа.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот