Марадона ја обвини својата поранешна сопруга за грабеж

Некогашната аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Марадона ја обвини својата поранешна сопруга Клаудија Вилафане за грабеж.
Според прославениот фудбалер, Вилафане му украла близу девет милиони долари од неговите банкарски сметки.
При гостувањето во популарното аргентинско телевизиско шоу „Канал Америка“, Марадона ја опишал неговата поранешна сопруга и „љубов уште од детството“ како „обичен крадец“.
- Ако го направила тоа, што верувам дека го направила, ќе мора да оди во затвор, изјави 54-годишниот Марадона.
Вилафане, меѓутоа, категорично ги отфрла сите обвинувања од нејзниот поранешен сопруг.
Марадона и Вилафане се познаваат уште од времето додека двајцата живееле во еден сиромашен кварт на Буенос Аирес, многу пред Диего да стане славен и богат.
Нивните две ќерки на интернет страницата на Твитер застанаа во одбраната на својата мајка.
Диего Марадона, кој важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, во 1986 година со аргентинската репрезентација станаа светски првак во фудбал.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
