Фудбал
16. May 2018 - 12:02

Марадона ќе ја „руши“ доминацијата на БАТЕ

Прославениот фудбалски ас, Диего Армандо Марадона  е нов спортски директор на Динамо Брест јавија медиумите од Белорусија. 

Аргентинецот потпишал тригодишен договор со клубот со желба да ја сруши 12-годишната доминација на БАТЕ Борисов во оваа земја но и да работи на развојот на клубот и младинската школа. 
Последниот ангажман на 57-годишниот Марадона беше во ОАЕ каде тренираше второлигашки клуб со скромен успех.