Спорт плус
31. August 2023 - 17:19

Марија Димовска ќе се бори за златен медал на ЕП во кик бокс во Истанбул

На денешните борби на Европското првенство за деца кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Марија Димовска во полуфиналето издвојува победа со 3:0 над Еданур Ачар од Турција и со тоа обезбеди сребро.

Во финалето кое ќе биде утре или задутре Марија ќе ги одмери силите со Вуксиќ Соња од Србија.