Марин Ле Пен: Доколку бидам претседател на Франција ќе организирам референдум за излез од ЕУ
Претседателката на француската екстремно десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, денеска порача дека, доколку победи на претседателските избори во Франција во 2017 година, за кои се кандидира, таа ќе организира референдум за натамошното членство на Франција во ЕУ, јавуваат француските медиуми.
-Британците ја избраа својата судбина и одлучија да ја напуштат Европската Унија. Се определија за независност... Таков референдум за членството на Франција во ЕУ и јас ќе организирам, бидејќи вие имате право на збор, рече Ле Пен во обраќањето до приврзаниците во североисточниот град Браше, пренесува весникот „Фигаро“.
Таа на Французите им порача дека можат „повторно да станат слободен, горд и независен народ“.
-Можеме на Франција да и го вратиме местото кое и припаѓа во светот, заклучи лидерката на француската екстремна десница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест