Масакр: Во нападот во Јемен загинаа 231 лице
Билансот на загинатите во нападот за време на погребна церемонија во јеменскиот главен град Сана достигна 213 лице, соопшти телевизијата Ал Мајадин, јави ТАСС.
На погребната церемонија присуствувале и членови на раководството на шиитските бунтовници Хути. Според претставници на Хутите зградата во која се одржувала церемонијата била подложена на воздушни напади од страна на воено воздухопловните сили на арапската коалиција, која дејствува во Јемен. За време на нападот во зградата имало над илјада лица.
Во нападот, според Обединетите нации, пак, загинале 140 лица, а повредени се најмалку 525.
Координаторот на ОН за хуманитарни прашања во Јемен, Џејми Меголдрик изјави дека хуманитарните работници се „шокирани и огорчени“ од нападот врз салата во Сана.
Тој повика за итна истрага и нагласи дека меѓународната заедница мора да изврши притисок за да се обезбеди заштита на цивилите.
- Насилството врз цивилите во Јемен мора веднаш да престане, нагласи тој.
Арапската коалиција, која е предводена од Саудиска Арабија, соопшти во саботата дека не учествувала во воздушнииот напад на погребната церемонија во Сана, дека не извршила никаква операција на таа локација и дека треба да се испитаат други причини за инцидентот.
Коалицијата тврди дека досега избегнувала такви собири и оти тие никогаш не биле нејзини цели.
Во нападот е погодена сала во Сана, каде луѓето се собрале да му оддадат почит на таткото на министерот за внатрешни работи во владата на Хутите, Џалал ал Ровашани.
САД соопштија дека почнале итно преразгледување на својата поддршка за коалицијата во Јемен, предводена од Саудиска Арабија, откако јеменските бунтовници Хути ја обвинија за нападот.
- Соработката во сферата на безбедноста со Саудиска Арабија не е како празен чек, изјави Нед Прајс, потпарол на Советот за национална безбедност на претседателот Барак Обама.
- Имајќи ги предвид вчерашните напади и други инциденти почнуваме со итна анализа на нашата поддршка, која веќе е намалена, рече тој.
Коалицијата во меѓувреме соопшти дека е подготвена заеднички со САД да го истражи нападот.
- Случајот ќе биде итно разгледан и истражниот тим е подготвен да го прифати искуството на американсканската држава. Коалицијата ќе ги претстави сите неопходни податоци за операциите на воено воздухопловните сили во текот на тој ден во Сана и во околината на градот, се вели во сопштението на коалицијата.
Една од најсиромашните земји во арапскиот свет, Јемен западна во длабок хаос, откако коалицијата на чело со Саудиска Арабија почна воздушна кампања во март 2015 со цел да ги потисне бунтовниците Хути и нивните сојузници, кои и натаму ја имаат контролата во главниот град.
Според податоци на ОН, повеќе од 6.700 лица, повеќето цивили, се убиени во Јемен, од почетокот на воздушната кампања.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата