Маж пуштал глувчиња во ресторани на „Мекдоналдс“ во Бирмингем
Еден 32-годишен маж е уапсен во врска со неколку случаи на пуштање живи глодари во рестораните на Мекдоналдс во Бирмингем, објавија медиумите во ПА и ДПА.
Полицијата соопшти дека сака да го испраша вториот човек, идентификуван како Билал Хусеин (30), во врска со инцидентите, кои се чини дека се протести поврзани со конфликтот во Газа.
На видеото објавено на социјалните мрежи во понеделникот, може да се видат клиентите во ресторанот на Мекдоналдс како панично скокаат додека околу нив трчаат глувци обоени во боите на палестинското знаме.
Пропалестинските активисти, наводно, повикале на протести против Мекдоналдс, откако ресторан во Израел донирал храна за израелските војници и безбедносниот персонал.
Полицијата соопшти дека инцидентите се третираат како прекршоци на јавниот ред.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот

