Македонија
18. September 2023 - 12:51

Меџити: Очекувам истрагата за „Онкологија“ да заврши во најкраток можен рок

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Смета дека пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.  

На денешниот брифинг со медиумите, министерот Меџити информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а потоа ги препраќаат до Обвинителството.