Македонија
18. јуни 2017 - 10:11

Меѓународен натпревар во кореографија ИКС ДЕНС 2017

Меѓународниот натпревар во кореографија „Икс денс 2017“, што вечер ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје, го слави танцот во сите форми, од класичен балет, модерен балет, латино, шоу-денс и модерни танци до фолклор и народно-сценски танци.

На овој меѓународен натпревар во кореографија ќе има учесници од Македонија, Русија, Хрватска, Јапонија, Казахстан, Австралија, Малта и од Украина.

Се натпреваруваат танчари од сите возрасни категории во најразлични танцови дисциплини. Најдобриот учесник според меѓународното жири ќе добие „гран при“, парична награда од 1.000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.