МЕПСО ја демантира изјавата на Кирил Лазаров
АД МЕПСО ја оценува како тенденциозна, апсолутно неточна и паушална изјавата на претседателот на македонско– бугарската комора, Кирил Лазаров кој без било каква стручна аргументација, пречката за досега неиспорачаната количина електрична енергија од Бугарија, ја лоцира во трансформаторите кои според него не можат да ја издржат бараната количина електрична енергија.
Постојат неколку причини поради кои првично договорените 200 мегават часови електрична енергија во овој момент не можат да бидат испорачани во Р.С. Македонија и тие во ниту еден случај не можат да се лоцираат на македонската страна. Преговорите во кои се вклучени претставници на двете влади и стручни тимови од енергетските компании за производство и за пренос на електрична енергија, со единствена цел испорака на поевтина електрична енергија како помош за македонското стопанството, беа водени на највиско професионално ниво и беа земени предвид сите технички можности и законски регулативи во двете земји.
Македонската јавност е веќе запозната со некои од факторите кои доведоа до оваа ситуација, а тоа се строгите закони и правила за доделување на прекугранични капацитети за испорака на договорената електрична енергија кои доколку се прекршат, можат да предизвикаат нарушување на пазарот на електрична енергија. Дополнително отежувачка околност е обврската електрична енергија произведена во Бугарија да мора да се понуди на бугарската берза, и со оглед на тоа не може да биде определено кој снабдувач ќе ја добие таа електрична енергија.
Тимовите на Македонија и Бугарија се целосно посветени на надминување на овие предизвици па оттука во вакви услови неоснованите тврдења на Лазаров се не само непродуктивни туку и штетни.
Во оваа прилика АД МЕПСО сака да посочи дека електропреносната мрежа е во извонредна кондиција, дека сите планирани ремонти и ревитализации се навреме и квалитетно завршени и дека преносната мрежа во Р. Северна Македонија е подготвена да прими неколкукратно повеќе мегават часови електрична енергија од посочените 200 мегават часови.
АД МЕПСО
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања