Мерката за зелена нафта за земјоделците од следната година
Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најавија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска изјави дека постои конзензус во Владата за ова прашање и оти во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена.
- Во Владата има консензус за реализација на оваа мерка затоа што таа е предвидена и во програмата на Владата. Во Буџетот на Министерството за земјоделство има пари за поддршка за набавка на горива за земјоделска механизација и Владата оваа мерка ќе ја реализира следната 2018 година, истакна Јанковска, одговарајќи на новинарско прашање по редовниот брифинг во Владата.
Во завршна фаза се анализите, а реализацијата на оваа мерка ќе оди преку измена на Законот за земјоделство и рурален развој.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада