Мерките што можат да бидат наметнати во вонредната состојба во Турција
Уставот на Турција при воена состојба дозволува ограничување на основните човекови права и претседателот Реџеп Тајип Ердоган да може да управува со земјата преку укази, пишува ДПА.
Ова се некои од главните мерки што турската Влада може да ги воведе во ваква ситуација:
- да воведе полициски час;
- да забрани собирања и протести, како на улиците, така и на затворен простор;
- печатените медиуми (весници, списанија и книги) можат да бидат забранети или да не можат да бидат издавани без одобрение на властите;
- сите форми на емитување и објавување текстови, ставови, филмови и аудио фајлови можат да бидат контролирани, ограничувани, па дури и забранувани;
- припадниците на безбедносните служби можат да спроведуваат претреси на лица, автомобили, недвижен имот и да конфискуваат потенцијални докази;
- патниот сообраќај може да биде забранет во определени временски периоди или во определени зони;
- определени зони можат да бидат оградени или евакуирани;
-државата може да ја преземе контролата врз сообраќајот по копно, воздух и вода.
Ново на Сител
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето